Линкови за пристапност

Американскиот оддел за правда го поддржа слободното изразување на религијата во услови на Ковид-19


Одделот за правда на САД преку изјава ја поддржа црквата оспорувајќи ја забраната на државата Вирџинија за групирање на повеќе од десет лица.

Црквата во сојузна постапка расправаше дека наредбата на гувернерот Ралф Нортам ги крши уставните права на слободно изразување на религијата.

Полицијата во Вирџинија поднесе кривична пријава за свештеник на црквата по богослужба одржана во април, на која присуствувале 16 лица следејќи ги мерките за социјално растојание.

Одделот за правда соопшти дека државата не докажала дека има валидна причина различно да се третира црквата од не-религиозните бизниси на кои им е дозволено да работат со повеќе од 10 лица.

Одделот за правда соопшти дека државата не докажала дека има валидна причина различно да се третира црквата од не-религиозните бизниси на кои им е дозволено да работат со повеќе од 10 лица.


Во поднесокот на одделот се вели дека владата мора да постигне баланс помеѓу одржувањето на најдобрите јавни здравствени практики и обезбедувањето на слободите, како што е слободното практикување на религијата, право заштитено со првиот амандман.

Кон крајот на април, американскиот главен правобранител Вилијам Бар се закани со правни активности против ограничувањата наметнати од државните и локалните власти кои ја подриваат верската слобода и другите уставни права.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG