Линкови за пристапност

Нов еднодневен рекорд за Ковид-19 во САД


САД во четвртокот поставија уште еден еднодневен рекорд за бројот на инфекции со КОВИД-19 и хоспитализации.

Цифрите на проектот за следење на Ковид покажуваат дека повеќе од 150 илјади нови случаи се пријавени низ САД, надминувајќи ја бројката од 144 илјади нови случаи регистрирани претходниот ден.

Бројките исто така укажуваат на тоа дека повеќе од 67 илјади луѓе биле хоспитализирани со Ковид-19, што е пораст за повеќе од 1.700 од претходниот ден. Уште 1.104 лица починаа.

Новите бројки се додаваат на највисоките цифри во светот на жртви од болеста стигна до бреговите на државата на почетокот на оваа година. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, САД имаат 242.400 смртни случаи од вирусот.

Најнаселената сојузна држава во САД, Калифорнија, се приближува до бројката од 1 милион случаи на Ковид-19, веднаш по Тексас, кој се приближува на таа бројка.

Во светски рамки, Италија е 10-та земја што надмина еден милион инфекции. Индија и Бразил ги следат САД, со повеќе од 8,7 милиони и 5,7 милиони случаи. Франција е близу 2 милиони случаи на заразеност, а по неа следи Русија со 1,87 милиони. Над границата од еден милион се Шпанија, Велика Британија, Аргентина и Колумбија.

Во Бразил, земјата со најголем број случаи на коронавирус во Јужна Америка, испитувањата на потенцијална вакцина во доцната фаза за Ковид-19 се обновени откако беа запрени од регулаторот за здравство на државата, заради „несакан, сериозен случај“ со учесник во студијата.

Вакцината, наречена КоронаВац, ја развива кинеската фармацевтска компанија Синовац. Вакцината ја осуди бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, чест критичар на Кина.

Во Јапонија, организаторите за Олимписките игри во Токио 2021 година во четвртокот изјавија дека атлетичарите нема да мора да бидат ставени во задолжителен 14-дневен карантин, кога ќе пристигнат на игрите следната година. Извршниот директор на игрите, Тоширо Муто, за новинарите изјави дека одлуката за дозволување на странските гледачи да ги гледаат настаните ќе биде финализирана следната година, но рече дека постои можност и за нив исто така да се откаже двонеделниот карантин.

Летните игри во Токио првично требаше да се одржат во јули и август, но организаторите во март одлучија да ги одложат за една година поради пандемијата.

XS
SM
MD
LG