Бизнисот со алкохол во Соединетите Американски Држави цвета за време на пандемијата на коронавирусот, со оглед на тоа што Американци се главно дома и се борат со здодевноста.
„Луѓето кои обично купувале едно шише вино, сега излегуваат од продавница со неколку шишиња, па дури и со цел пакет“, вели Дејвис Вилс, менаџер во „UnWined“, продавница за вино и пиво во Александрија, Вирџинија, предградие на Вашингтон.
Продажбата на „UnWined“, која сега вклучува услуги за достава на производи до домовите, се зголеми за најмалку 30 проценти во последните месеци, според Вилс.
„Луѓето се загрижени поради опасноста од вирусот“, рече тој, „и бидејќи многу од нив работат од дома, за нив е полесно да се напијат чаша вино порано во текот на денот отколку што вообичаено го правеле тоа“.
„Имаме поголема слобода да пиеме кога сакаме и да не се чувствуваме виновни за тоа“, вели Сара Робинет, муштерика во продавницата за вино.
На прашањето дали пие повеќе од вообичаено, друг муштерија, Андреа Андерсон рече: „Па, можеби малку повеќе“.
Oткако ќе се смири пандемијата, може да биде тешко за некои луѓе да престанат со пиење алкохолJулија Честер, професорка
Но, тоа не е единствениот проблем. Според Џорџ Коуб, директор на Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам во Националниот институт за здравство во Бетседа, Мериленд „иако околу 70 проценти од Американците пијат“, вкупната потрошувачка значително се зголемила низ целата држава.
Бидејќи пандемијата предизвикува изолација и вознемиреност, рече Коуб, „поединци може повеќе да конзумираат алкохол за да се справат со тие негативни чувства“. Тој е загрижен дека потрошувачката на алкохол може да се зголеми меѓу 14,5 милиони луѓе во САД кои имаат нарушување во конзумирањето на алкохол.
Jулија Честер, вонредна професорка на универзитетот „Пeрдју“, смета дека „откако ќе се смири пандемијата, може да биде тешко за некои луѓе да престанат со пиење алкохол“.
Продавниците за пијалоци во 49 од 50 држави во Америка, како и во главниот град на нацијата, останаа отворени за време на пандемијата. Пенсилванија ги затвори своите продавници за алкохол, но кога жителите почнаа да патуваат во соседните држави за да купуваат алкохол, властите дозволија продажба на Интернет и достава.
Facebook Forum