Линкови за пристапност

Еден милион заразени во САД за само 24 часа, објави Универзитетот Џонс Хопкинс


Бајден нареди да се нарача двојно повеќе од таблетата на „Фајзер“ против ковид-19

Претседателот на САД Џо Бајден ѝ наложи на неговата администрација да купи дополнителни 10 милиони таблети на „Фајзер“ против ковид-19, со што вкупниот број ќе достигне најмалку 20 милиони. Ова е дел од неговата стратегија за борба против омикрон.

Бројот на заразени во Америка достигна рекордно ниво од еден милион за 24 часа, објави Универзитетот Џон Хопкинс.

Покрај нарачаката на таблети, Бајден вети дека ги направи за граѓаните подостапни ковид тестовите и третата доза од вакцините.

Во понеделникот, американските здравствени власти ја одобрија третата доза на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 години, а конечното одобрување се очекува во наредните денови.

САД донираа повеќе од 315 милиони дози вакцини на глобално ниво, а ветија вкупно 1,2 милијарди дози.

Сепак, некои здравствени експерти велат дека богатите нации не прават доволно за да го вакцинираат светот и да спречат појава на нови варијанти на ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG