Линкови за пристапност

Над 400.000 нови заразени во САД, двојно повеќе од пред една недела


Просечниот број на нови случаи на ковид-19 во САД надмина 400.000 дневно, двојно повеќе од она што беше пред една недела и трипати повеќе во споредба од пред две недели.

Тоа ги принуди училиштата да ги преиспитаат плановите за враќање на учениците во училниците по зимските распусти.

Училиштата во Лос Анџелес нема да се отворат дури до 11. јануари, а од учениците се бара да покажат негативен тест на ковид-19 за да им биде дозволено да се вратат лично на настава.

Негативни тестови се потребни и за учениците во главниот Вашингтон каде наставата продолжува утре.

Напливот на инфекции, исто така, остави многу училишта без доволно наставници и персонал за одржување на часови лично.

Институцијата Смитсонијан објави дека неколку од нејзините главни музеи во Вашингтон ќе мора да бидат затворени или да работат со намалени часови најмалку 12 дена бидејќи се соочува со „невиден недостиг на персонал“.

Многу авиокомпании, иако исто, се борат со зимски временски услови, и мораа да ги откажат летовите поради недостаток на авионски екипаж доволно здрав за работа.

Дел од информациите во овој извештај се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG