Линкови за пристапност

САД ќе дистрибуираат 500 милиони бесплатни ковид тестови за граѓаните


Американскиот претседател Џо Бајден најавува нови мерки за справување со омикрон, преку испраќање на федерални здравствени работници во болници со недостиг на персонал и дистрибуција на 500 милиони бесплатни ковид тестови за Американците.

Ваквата најава доаѓа откако бројот на нови случаи на коронавирус во САД значително се зголеми, со 143.000 заразени и 1.300 смртни случаи вчера.

Скоро три четвртини од новите случаи се поврзани со омикрон. Пред говорот на Бајден, Белата куќа рече дека новиот сој на вирусот веројатно ќе се шири и меѓу вакцинираните, но, оти симптомите најверојатно „ќе бидат благи“.

Оттаму предупредија дека „невакцинираните лица се изложени на висок ризик да се заразат со ковид, и да починат“.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД изјавија дека околу 204 милиони Американци или 61 прoцент се целосно вакцинирани.

Оттаму велат дека околу 50 милиони не примиле вакцина, и оти многу од нив се спротивставуваат на напорите на владата за вакцинирање, велејќи дека тоа ја нарушува нивната слобода на сопствен избор за лекување.

Белата куќа рече дека новите напори на Бајден ќе го ублажат влијанието на невакцинираните лица врз здравствениот систем, истовремено зголемувајќи го пристапот до бесплатно тестирање и вакцинирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG