Белата куќа објави нови правила за вакцинација против ковид-19 за американските компании со 100 или повеќе вработени. Согласно новите правила, компаниите мора да бараат нивните работници да бидат целосно вакцинирани до четврти јануари или да се тестираат најмалку еднаш неделно.
Белата куќа, исто така, издаде слични правила за здравствените работници вработени во установите кои работат со „Медикеар “ и „Медикејд“.
Компаниите мора да обезбедат слободно време вработените да одат да се вакцинираат.
Правилата, исто така, предвидуваат невакцинираните работници да носат маски на работното место.
Белата куќа соопшти дека новите правила ќе афектираат околу 17 милиони здравствени работници во 76.000 установи.
Работодавците кои нема ги почитуваат правилата може да се соочат со казни до 14.000 долари.
Исклучоци може да важат за работниците кои имаат медицинска или религиозна причина.
Претседателот Џо Бајден рече дека иако претпочитал да не ги издава овие правила, сепак премногу луѓе останале невакцинирани, и оти ова го гледа како единствен начин за излез од пандемијата.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс
Facebook Forum