Линкови за пристапност

Њујоркшката полиција го тужи градоначалникот Бил де Блазио оти наредил задолжителна ковид вакцина


Најмалку 70 отсто од вработените во градот Њујорк веќе имаат примено барем една доза вакцина

Синдикатот на полицијата на Њујорк поднесе тужба против градоначалникот Бил де Блазио заради неговата наредба за задолжителна ковид вакцина за сите вработени во локалната власт.

Полицискиот синдикат, кој застапува околу 24.000 полициски офицери, побара од сојузниот Врховен суд да ја блокира наредбата на градоначалникот, бидејќи не им давала опција на полицајците да се тестираат неделно наместо да се вакцинираат.

Градоначалникот Де Блазио минатата недела издаде наредба за сите 160.000 вработени во локалната власт да покажат доказ дека примиле барем една доза вакцина заклучно со вчера, оти во спротивно ќе бидат пуштени на неплатен одмор. Најмалку 70 отсто од вработените во градот Њујорк веќе имаат примено барем една доза вакцина.

Од градот соопштија дека новите наредби биле законски и ги штителе жителите на Њујорк.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG