Бројот на барања за бенефиции поради невработеност во САД падна петта недела по ред, објави Одделот за труд на САД.
Вкупно 385.000 невработени аплицирале за компензација, што е помалку за 20.000 од претходната недела. Оваа бројка е најниска од средината на март минатата година, кога почна пандемијата во државата.
Речиси 52 отсто од возрасните Американци се целосно вакцинирани против ковид-19, што ја подобрува економската ситуација, иако темпото на вакцинирање се намалува во споредба од пред две недели.
Официјалните лица велат дека многу сојузни држави сега нудат бенефиции за луѓето да се вакцинираат, вклучувајќи и лотарии.
Опаѓањето на бројот на апликации за бенефиции поради невработеност би можело да доведе до зголемен број на вработувања, велат аналитичарите. Тие го очекуваат извештајот за број на вработени во месец мај, кој треба да излезе утре.
Во април, пак, беа отворени само 266.000 работни места, што е голем пад во споредба со март, кога имаше 916.000 нови работни места.
Речиси 10 милиони луѓе во САД сега се водат како официјално невработени.
Facebook Forum