ВАШИНГТОН —
Администрацијата на претседателот Џо Бајден најави дека ќе го зголеми бројот на сезонски работници кои ќе можат да дојдат во САД годинава, додека економијата заздравува по пандемијата, објави Асошиетед прес.
Одделот за домашна безбедност изјави дека САД ќе одобрат дополнителни 22.000 H2-B визи за сезонски, неземјоделски работници. Тие ќе бидат над дозволениот лимит на годишно ниво од 66.000 лица утврден од Конгресот.
Одделот ја нагласи зголемената потреба од работници, и рече дека бројот на луѓе кои бараат бенефиции поради невработеност е на најниско ниво од почетокот на падемијата.
Facebook Forum