Линкови за пристапност

Повторно зголемен бројот на барања за бенефиции поради невработеност во САД


Одделот за труд рече дека 744.000 работници побарале бенефиции минатата недела, што е повеќе за 16.000 од претходната недела

Бројот на нови барања за бенефиции поради невработеност во САД повторно се зголемил минатата недела, објави Одделот за труд.

Одделот рече дека 744.000 работници побарале бенефиции минатата недела, што е повеќе за 16.000 од претходната недела.

Сликата би можела да се подобри како што продолжува да се испраќа помошта до граѓаните и бизнисите за справување со последиците од пандемијата, вредна 1,9 трилиони долари.

Финансиската помош се очекува да ги зголеми потрошувачката и бројот на вработувања, додека милиони Американци сега ги добиваат чековите од 1.400 долари директна владина помош.

Повеќе од три милиони Американци се вакцинираат против ковид-19 секој ден, а претседателот Џо Бајден вети дека сите возрасни лица, кои би сакале да се вакцинираат, ќе можат тоа да го направат од 19-ти април.

Минатиот месец беа додадени нови 916.000 работни места, а стапката на невработеност падна до шест проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG