Линкови за пристапност

САД вработиле повеќе работници во март отколку што очекувале, соопшти Одделот за труд


Оттаму велат дека стапката на невработеност минатиот месец паднала до 6,0 проценти, во споредба со 6,2 колку што изнесувала во февруари

Американските работодавци вработиле повеќе работници отколку што било очекувано за март, како резултат на зголемената имунизација и владината финансиска помош, објави Ројтерс.

Одделот за труд соопшти дека бројот на работни места се зголемил за 916.000 минатиот месец, што е најмногу од минатиот август. Ревидираните податоци за февруари, пак, покажале дека биле отворени 468.000 нови работни места место првичните регистрирани 379.000.

Стапката на невработеност минатиот месец паднала до 6,0 проценти, во споредба со 6,2 колку што изнесувала во февруари.

Економистите очекуваат растот на работни места да биде во просек од 700.000 месечно во вториот и третиот квартал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG