Линкови за пристапност

Се намалува бројот на барања за бенефиции поради невработеност, соопшти Одделот за труд на САД


Оттаму велат дека тоа би можело да биде знак за подобрени економски услови, како што бројот на заразени со ковид-19 опаѓа

Барањата за бенефиции поради невработеност во САД драстично се намалија минатата недела, соопшти денес Одделот за труд.

Оттаму велат дека тоа би можело да биде знак за подобрени економски услови, како што бројот на заразени со ковид-19 опаѓа.

Владата рече дека 730.000 работници аплицирале за бенефиции минатата недела, што е 111.000 помалку од бројот на барања претходната недела.

Американската економија и натаму се соочува со потешкотии, како што десетици илјади луѓе се` уште се заразуваат дневно со коронавирус, и покрај тоа што бројката изминативе три недели падна под 100.000 лица на ден.

Со месеци досега, бројот на барања за бенефиции поради невработеност е над 700.000 неделно, и над 800.000 и 900.000 некои недели.

Досега, дневно, против ковид-19 се вакцинираат околу 1,5 милиони Американци, со очекувања тоа да се зголеми во наредните месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG