Линкови за пристапност

Со говор и палење свеќи, Бајден вечерва ќе им оддаде почит на речиси половина милион починати од ковид-19


Претседателот ќе се обрати од Белата куќа, во момент кога САД се први во светот според број на заразени и починати како последица на пандемијата

САД се на раб да достигнат половина милион смртни случаи како последица на ковид-19, повеќе од каде и да било во светот, објави Универзитет Џонс Хопкинс.

Претседателот Џо Бајден, вечерва, од Белата куќа ќе зборува за изгубените животи во пандемијата, проследено со момент на тишина и церемонија на палење свеќи.

„Луѓето ќе зборуваат со децении за ова како ужасен момент во историјата на државата, да имате толку многу луѓе да починат од респираторна инфекција“, изјави доктор Ентони Фаучи во интервју за Си-ен-ен.

САД, исто така, се први во светот според бројот на заразени со коронавирус, однонсо над 28 милиони лица.

Според податоците на Џонс Хопкинс, досега има над 111 милиони заразени на глобално ниво, и речиси 2,5 милиони смртни случаи како последица на вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG