Линкови за пристапност

Пакетот помош за последиците од ковид-19 ќе се донесе во рок од 4 до 6 недели, најави Шумер


Лидерот на мнозинството во Сенатот рече дека иако не очекува носењето на пакетот да биде лесно, верува дека тој ќе биде одобрен наскоро

Претседателот на САД Џо Бајден укажа дека е итно законодавците да се договорат за новиот пакет помош за коронавирусот, велејќи дека времето е од суштинско значење.

Бајден предложи план од 1,9 трилиони долари, кој вклучува пари за забрзување на вакцинирањето против ковид-19, да им се помогне на школите да се отворат, финансиска помош за сојузните и локалните влади, како и 1.400 долари директна помош за граѓаните.

Републиканците се противат на висината на финансиската помош, забавувајќи ги преговорите.

Лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека секој следен потег треба да биде паметен и со цел, додека лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер, нагласи дека иако не очекува носењето на пакетот да биде лесно, верува дека тој ќе биде одобрен во наредните четири до шест недели.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека е потребно да се делува пред во март да истечат бенефициите за невработеност на милиони Американци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG