Линкови за пристапност

САД со најмногу изгубени работни места од 1939 година


Според податоците, стапката на невработеност останува непроменета од претходниот месец, односно 6,7 проценти

Американската економија загуби 140.000 работни места во декември како последица на пандемијата, соопшти денес Одделот за труд на САД.

Според податоците, стапката на невработеност останува непроменета од претходниот месец, односно 6,7 проценти, и покрај слабиот пазар на труд.

Првпат после осум месеци, економијата изгуби работни места во декември, за разлика од ноември, кога беа додадени нови 336.000 работни места.

Најновите податоци откриваат дека во 2020 година работниците изгубиле повеќе работни места од кога било од 1939 година, кога Владата почнала да ја следи невработеноста.

Пандемијата и рестриктивните мерки предизвикаа кратење на 22 милиони работни места во март и април минатата година, а само 12 милиони нови работни места се додадени оттогаш.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG