Линкови за пристапност

Калифорнија ќе ги продолжи наредбите за седење дома поради преполни болници


Оваа сојузна држава стана најновиот епицентар на пандемијата на коронавирус во САД

Калифорнија се очекува да ги продолжи наредбите за седење дома за жителите во две големи области во сојузната држава, поради зголемениот број на заразени со ковид-19.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека ќе ги продолжи рестрикциите кои првично беа воведени во централниот и јужниот дел на Калифорнија, бидејќи болниците биле полни или речиси полни со пациенти.

Долината Сан Хоакин е дом на земјоделскиот сектор на Калифорнија, додека јужниот дел на сојузната држава ги вклучува поголемите градови, како Лос Анџелес и Сан Диего.

Поради големиот број на заразени, болниците во овие региони почнаа да одбиваат да ги хоспитализираат пациентите на кои им е потребна итна помош, како и да поставуваат импровизирани болнички соби за пациентите со ковид-19.

Калифорнија стана најновиот епицентар на пандемијата на коронавирус во САД. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, досега во оваа созјуна држава се регистрирани 2,192,694 заразени, вклучувајќи и 24.419 смртни слуачи.

Гувернерот Њусом предупреди дека Калифорнија ќе се соочи со нов бран на веќе постоечкиот бран заразени, бидејќи повеќето жители ги игнорирале препораките на здравствените експерти да не патуваат за Божиќ и Нова година.

Официјалните лица на САД велат дека речиси 1,3 милиони луѓе патувале со авион во неделата, веднаш по Божиќ, најголем авионски сообраќај за повеќе од девет месеци.

Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека само ако државите имаат ефиаксно тестирање, ќе бидат во можност да се справат со новиот сој на ковид и да ги адаптираат стратегиите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG