Линкови за пристапност

Периодот на самоизолација да се скрати од 14 на 10 дена, предлагаат Центрите за контрола и превенција на болести во САД


Ваквата препорака ќе важи ако лицето добие негативен тест на коронавирус

Центрите за контрола и превенција на болести во САД одлучија дека здравствените работници и старите лица во центрите за грижа, треба да бидат меѓу првите Американци кои ќе примат вакцина против ковид-19.

Одлуката предвидува да бидат вакцинирани околу 24 милиони граѓани штом ќе се одобри вакцината.

САД регистрираат рекорден број на случаи на коронавирус низ државата. Бројката во ноември изнесувала 4,36 милиони заразени, што е двојно повеќе од месецот претходно.

Центрите за контрола и превенција на болести, исто така, се очекува да ја ревидираат постоечката препорака за 14 дена период на карантин за лицата кои имале контакт со некој што е заразен со вирусот.

Според предложените нови препораки, перидот на самоизолација ќе биде скратен на 10 дена, или на 7, ако лицето добие негативен тест на вирусот.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека 20 милиони лица би можеле да бидат вакцинирани до крајот на оваа година.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД и натаму се први во светот според бројот на заразени, речиси 13,7 милиони лица, и над 270.000 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG