Линкови за пристапност

Советникот на Трамп за коронавирус Скот Атлас поднесе оставка


Тој ја потврди информацијата на Твитер

Доктор Скот Атлас, советник на претседателот на САД Доналд Трамп, кој беше скептичен за мерките за контрола на коронавирусот даде оставка, објави Асошиетед прес.

Официјално лице од Белата куќа потврди дека Атлас, кој нема претходно искуство со заразни болести, ја напушил привремената владина функција. Тој ја потврди информацијата на Твитер.

Доктор Атлас почна да работи во Белата куќа летово, и имаше несогласување со водечките владини научници, меѓу кои Ентони Фаучи и Дебора Биркс, бидејќи тој се противеше на поцврсти напори за спречување на ширење на вирусот, од кој досега починаа повеќе од 267.000 Американци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG