Линкови за пристапност

20 милиони Американци би можеле да примат вакцина против ковид-19 во втората половина на декември


Компанијата „Модерна“ побара итно одобрување на нејзината вакцина, како што бројот на заразени во САД се зголемува

Компанијата „Модерна“ денес најави дека ќе бара итно одобрување во САД и Европа за дистрибуција на вакцината против коронавирус, откако тестовите покажале дека таа е ефективна 94 проценти.

Тоа значи дека здравствените работници би биле во можност да вакцинираат пациенти најрано на средината на декември, користејќи ги вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“, ако компаниите добијат одобрување од регулаторите за лекови.

Двете компании побараа итно одобрување на нивните вакцини, како што бројот на заразени во САД се зголемува, регистрирајќи десетици илјади нови случаи на ден.

Здравствените експерти во САД велат дека 20 милиони Американци би можеле да примат вакцина во втората половина на декември, меѓу кои веројатно први ќе бидат здравствените работници и постарите лица кои живеат во центри за грижа.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД, в четврток ќе излезат со план за распоредот за вакцинирање на граѓаните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG