Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, предупреди на нов пораст на бројот на заразени со коронавирус.
Доктор Фаучи, во интервју за „Еј-би-си“, рече дека стапката на заразени не би се намалила наеднаш, и оти во наредните недели, по Денот на благодарноста, може да има „бран на бран“ заразени.
Покрај Фаучи, и Дебора Биркс, координаторката на Белата куќа за справување со пандемијата, за „Си-би-ес“, изјави дека луѓето кои патувале за празникот, треба да „претпостават дека биле изложени на вирусот, и дека се заразиле, и оти навистина треба да се тестираат наредната недела“.
Таа, исто така, рече дека луѓето кои патувале за празникот треба да избегнуваат лица над 65 години, или лица кои имаат претходни заболувања.
Предупредувањата на докторите доаѓаат откако САД, во саботата, регистрираа повеќе од четири милиони заразени во месец ноември, што е двојно повеќе од 1,9 милиони заразени во октомври.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД имаат 13,3 милиони заразени, од вкупно 62,7 милиони случаи на коронавирус во светот.
САД имаат најголем број заразени од која било друга земја во светот. Индија и Бразил се веднаш зад нив, со 9,3 и 6,3 милиони заразени.
Некои европски држави, пак, се надеваат да ги затворат ски-центрите за време на Божиќ, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО), предупреди дека стапката на смртност од маларија ќе ја надмине смртната стапка како последица на коронавирусот, поради прекин во здравствената заштита за време на пандемијата.
Facebook Forum