Линкови за пристапност

Намален бројот на барања во САД за бенефиции поради невработеност


Вкупно 709.000 невработени лица поднеле нови апликации за надомест, што е за 48.000 помалку од ревидираната бројка претходната недела

Се намалија барањата во САД за бенефиции поради невработеност минатата недела, но, зголемениот број на заразени со ковид-19 претставува нова закана за економијата.

Вкупно 709.000 невработени лица поднеле нови апликации за надомест, што е за 48.000 помалку од ревидираната бројка претходната недела.

Ова е четврта недела по ред бројот на барања за бенефиции да падне под 800.000, но, и натаму останува над највисоката бројка пред пандемијата, според записите од 1960-тите години.

Вкупно 6,8 милиони лица остануваат невработени, а стапката на невработеност изнесува 4,6 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG