САД вчера регистрираа уште еден ден со рекорден број на заразени со ковид-19.
Податоците покажуваат дека повеќе од 144.000 нови случаи биле регистрирани низ државата, надминувајќи го рекордот од претходниот ден, кој изнесуваше 136.000.
Според податоците, 65.368 луѓе биле хоспитализирани, што е повеќе од 61.964 хоспитализации претходниот ден. 1.421 лице починаа вчера, надминувајќи ја бројката од 1.000 смртни слуачи на ден.
Најнаселената сојузна држава Калифорнија се доближува до бројката од еден милион заразени.
Во Бразил, пак, продолжуваат тестирањата на потенцијалната вакцина против ковид-19, откако здравствениот регулатор го стопираше процессот, како последица на „сериозен настан“ поврзан со учесник во истражувањето.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, Бразил има најголем број заразени во Јужна Америка, со повеќе од 5.7 милиони потврдени случаи, и 168.368 починати.
Шпанија воведе задолжителен негативен тест за сите патници кои сакаат да влезат во државата, додека Јапонија рече дека учесниците во Олимписките игри 2021, нема да мора да бидат во карантин 14 дена, откако ќе пристигнат следната година.
Facebook Forum