Линкови за пристапност

САД мора да преземат агресивен пристап за справување со пандемијата, предупреди докторка од владиниот тим на Белата куќа


Доктор Дебора Биркс вели дека државата влегува во „смртоносна фаза“ од пандемијата

Доктор Дебора Биркс, координаторка на владиниот тим на Белата куќа за справување со коронакризата, изјави дека држвата влегува во „смртоносна фаза“ од пандемијата.

Според медиумските извештаи, таа вчера испратила известување до официјалните лица во администрацијата, повикувајќи ги да преземат „агресивен балансиран пристап“ меѓу карантини и други мерки за контрола на вирусот, вклучувајќи носење маска, социјално дистанцирање и агресивна програма за тестирање.

Заклучно со вчера, САД регистрирале повеќе од 230.000 смртни случаи, и над 9,2 милиони заразени, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG