Линкови за пристапност

Близок контакт отсега се смета ако некој акумулира 15 минути со зарзено лице во рок од 24 часа


Претходно, пак, близок контакт значеше 15 минути со заразено лице, на далечина од два метра

Центрите за контрола и превенција на болести на САД направија ревизија на дефиницијата „близок контакт“ со лице заразено со ковид-19.

Претходно беше утврдено дека близок контакт би значело да се помине 15 минути со заразено лице, на далечина од два метра.

Сега, според новите промени, близок контакт се смета ако некој бил изложен на вирусот вкупно 15 минути во период од 24 часа.

Ваквата промена уследи откако вработен во затвор во сојузната држава Вермонт се заразил со ковид-19, по повеќе од 20 куси интеракции со затвореници, кои подоцна биле тестирани позитивни. Посетите на затворениците траеле вкупно 17 минути.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG