Линкови за пристапност

Преговорите меѓу Пелоси и Мучин за нов пакет помош се очекува да продолжат денес


Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел се заложи дека ќе стави на гласање во Сенатот каков било закон одобрен од претседателот Трамп

Белата куќа и демократското мнозинство во Претставничкиот дом се сериозни да најдат компромис за нов пакет помош за справување со последиците од коронакризата, рече спикерката Ненси Пелоси.

Пелоси рече дека зборувала на телефон со секретарот за финансии Стивен Мучин, и оти се надева дека денес би можеле да продолжат со преговорите штом тој ќе се врати од пат од странство.

„Нашиот разговор покажа поголема јасност и баланс доближувајќи се до договор“, им кажала Пелоси на демократските колеги, додавајќи дека двете страни ги повикале претседавачите на конгресните комисии да ги разрешат разликите околу износот на финансисрањето.

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел се заложи дека ќе стави на гласање во Сенатот каков било закон одобрен од претседателот Трамп.

Ако преговорите пропаднат, следна можност за разговори ќе биде по изборите во ноември и декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG