Линкови за пристапност

Над 50 отсто од Американците велат дека нивните работодавци преземаат мерки да ги заштитат од ковид-19


Еден на секои четири работници, пак, размислува да ја напушти работата поради страв од пандемијата, објави Асошиетед прес

Пандемијата на коронавирус остави милиони Американци без работа, објави агенцијата Асошиетед прес, согласно неодамнешно истражување на јавното мислење. Многумина од тие што се` уште работат се изјасниле дека се исплашени и под стрес.

Според истражувањето, еден на секои четири работници размислува да ја напушти работата поради страв да не се зарази со ковид-19.

Околу седум од десет работници велат дека усогласувањето на работата и другите обврски им претставувало голем извор на стрес. И лицата кои работат надвор од дома велат дека имале страв од зараза.

Добра вест, според истражувањето, е што работодавците применувале мерки за заштита на нивните вработени.

Околу 57 отсто од работниците се изјасниле дека нивните работни средини преземаат вистински чекори за справување со пандемијата, додека 24 отсто велат дека работодавците презмеле мерки и повеќе од потребните.

Само 18 проценти од испитаниците кажале дека нивниот работодавец не преземал доволно мерки за заштита.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG