Линкови за пристапност

Постигнат напредок во разговорите меѓу Пелоси и Мучин за помошта за справување со коронакризата


Денес истекува крајниот рок за усогласување на двете страни пред изборите во ноември

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека има напредок во разговорите со администрацијата на Трамп, на само неколку часа пред истекот на крајниот рок за постигнување договор за нова помош за справување со коронакризата пред изворите во ноември.

Пелоси, во телевизиско интервју, рече дека за време на долг телефонски разговор со секретарот за финансии Стивен Мучин, успеале да ги намалат меѓусебните разлики.

Таа рече дека администрацијата конечно дошла до момент кога се подготвени да постигнат договор. Двете страни треба да зборуваат денес на што остануваат.

„Можеби не сакаме ова или она, но, ајде да направиме баланс да видиме дали може да одиме напред“, рече таа вчера за Ем-ес-ен-би-си.

Таа претходно изјави дека денес е последен ден за постигнување договор пред претседателските и конгресните избори, кои треба да се случат за две недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG