Линкови за пристапност

Конгресот и Белата куќа имаат рок до утре да се договорат за нова помош за ковид-19


Во писмо до членовите на Претставничкиот дом, Пелоси изрази оптимизам за постигнување договор

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси денес се среќава со секретарот за финансии Стивен Мучин, пред да истече временскиот рок од 48 часа за постигнување договор.

Ако Белата куќа и демократското мнозинство во Претставничкиот дом не постигнат договор до утре, следната можност за нови преговори за пакет помош за справување со последиците од пандемијата, ќе биде во ноември и декември, по завршување на изборите.

Вчера, во писмо до членовите на Претставничкиот дом, Пелоси изрази оптимизам за постигнување договор.

Но, таа, исто така, во интервју за Еј-би-си, рече дека администрацијата на Трамп го тргнала од легислативата клучното прашање за стратегиите за тестирање и следење на контактите.

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, најави дека Сенатот ќе гласа за друг предлог-помош од 500 милијарди долари в среда. Овој закон би обезбедил финансирање на нови бенефиции поради невработеност, како и финансирање на популарната програма за заштита на плати.

Претседателот на САД Доналд Трамп на почетокот на овој месец најави крај на преговорите за помош, по што го промени тонот и твитна дека треба да се цели високо.

Неговата поддршка за повисок износ на пакетот, како што бараат демократите, предизвика реакции меѓу републиканците во Сенатот.

Конгресната помош од два трилиона долари, која беше одобрена со двопартиска поддршка во март, беше најголема помош во историјата на САД, обезбедувајќи бенефиции за милиони невработени од 600 долари неделно. Таквата помош заврши во јули.

Американската економија почна да покажува знаци на обнова по затворањето на државата од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 11,4 милиони работни места се обновени, а има и зголемување на вработувањата во индустриите кои најтешко беа погодени, како туризмот.

Новите барања за бенефиции минатата недела изнесуваа повеќе 890.000, што е нависока бројка од почетокот на пандемијата, иако барањата за помош паднаа до десет милиони.

САД се први во светот со 219.000 смртни случаи како последица на ковид-19, како и според бројот на заразени, кој изнесува над осум милиони лица, објави универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG