Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и секретарот за финансии Стивен Мучин, денес се среќаваат на разговори околу заглавениот пакет помош за справување со последиците од коронавирусот.
Пелоси рече дека двете страни вчера имале сеопфатен разговор, и оти преговорите ќе продолжат.
Мучин, во интервју за Фокс бизнис, рече дека ако има фер компромис, тие се подготвени да го прифатат.
Преговорите заглавија околу износот на помошта. Демократите првично предложија помошта да изнесува 3,4 трилиони долари, по што го намалија предлогот на 2,2 трилиони долари.
Мучин рече дека износот е се` уште многу висок. Белата куќа предложи пакет помош во износ од околу 1,5 трилиони долари.
Договорот би можел да вклучува пари за семејства и бизниси, обновување на помошта за невработеност за милиони работници кои ја изгубија работата поради пандемијата, како и да им се помогне на авиокомпаниите кои се соочија со зголеми загуби.
Дури и Мучин и Пелоси да се договорат за пакетот, не се знае дали Сенатот ќе го прифати тој предлог.
Facebook Forum