Линкови за пристапност

Вакцината ќе се дистрибуира 24 часа по нејзиното одобрување, изјавија Центрите за контрола и превенција на болести во САД


Агенцијата соопшти дека вакцината би била бесплатна за сите Американци што ќе стане широко достапна

Центрите за контрола и превенција на болести во САД објавија план за дистрибуција на вакцината 24 часа по нејзиното одобрување.

Според овој план, вакцината ќе се дистрибуира откако ќе биде одобрена од Администрацијата за храна и лекови, или со наредба за итна употреба, или со целосно одобрување.

Вакцината, најверојатно, прво ќе им се даде на суштинските работници, како здравствените лица.

Агенцијата соопшти дека вакцината би била бесплатна за сите Американци што ќе стане широко достапна.

Планот беше објавен во ист ден кога претседателот Доналд Трамп му се спротивстави на директорот на Центрите за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд, околу тоа кога Американците би ја добиле вакцината против ковид-19.

Редфилд, пред Сенатот, изјави дека вакцината генерално би била достапна за јавноста во вториот или третиот квартал следната година, со приоритет на оние кои спаѓаат во најголем ризик, како постарите лица и оние со претходни болести.

„Мислам дека направи грешка кога го кажа тоа. Тоа е неточна информација. Под никој услов нема да биде толку доцна како што кажа докторот“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG