Линкови за пристапност

Причината зошто има повеќе фази на тестирање вакцина против ковид-19 е да се осигура безбедноста, изјави Фаучи


Фармацевстскиот гигант „АстраЗенека“ ги стопираше тестирањата, откако волонтер стана болен по примање на експерименталниот лек

Директорот на Институтот за алергија и заразни болести во САД Ентони Фаучи, изјави дека фактот што „АстраЗенека“ ја стопираше последната фаза на тестирање на вакцината против ковид-19, покажува колку безбедноста на вакцината е важна при тестирањата.

„Важно е да се истакне дека тоа е причината зошто има повеќе фази на тестирање, за всушност да се утврди дали овие кандидати се безбедни“, изјави Фаучи во интервју за Си-би-ес.

Фармацевстскиот гигант ги стопираше тестирањата откако волонтер стана болен по примање на експерименталниот лек.

„Жално е тоа што се случи, и се надевам дека ќе можат да продолжат со остатокот од тестирањето. Но, не се знае. Треба да се истражи понатаму“, додаде Фаучи.

Компанијата во вторникот објави дека паузата при тестирањето е „рутинска процедура, која треба да се случи кога и да се појави потенцијално необјаснива болест во една од фазите, додека да се истражи, за да може да се одржи интегритетот на тестирањата“.

Во меѓувреме, вкупиот број на смртни слуачи на глобално ниво достигна над 900.000 лица.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера најави амбициозен план да се тестираат најмалку половина милион лица дневно, со резултати готови во рок од неколку минути.

Џонсон очекува овој план да може да се имплементира до крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG