Линкови за пристапност

Сенатот најбрзо неделава ќе гласа за легислатива за справување со ковид-19


Сериозните разлики меѓу нашите две партии не би требало да застанат на патот да се донесе закон што ќе ѝ помогне на нашата држава, рече Меконел

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, изјави дека Сенатот ќе гласа најбрзо оваа недела за легислативата за помош при справување со ковид-19, откако преговорите со демократите прекинаа минатиот месец.

„Не ја содржи секоја идеја на нашата партија. Убеден сум дека демократите ќе се чувствуваат исто. Сепак, републиканците веруваат дека многуте сериозни разлики меѓу нашите две партии не би требало да застанат на патот до договор онаму каде што може, и да се донесе закон што ќе ѝ помогне на нашата држава“, соопшти Меконел.

Шефот на Кабинетот на Белата куќа Марк Медоус, изјави дека бил оптимист оти уште една мерка би била донесена пред изборите во ноември, но, не укажа на напредок во разговорите со демократите во Конгресот.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, викендов на Твитер, напиша дека „Меконел можеби објави пауза во одговорот на Америка при справување со коронавирусот, но, јасно е дека вирусот никогаш не го направи истото“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG