Линкови за пристапност

Околу еден милион Американци побарале бенефиции поради невработеност


Оваа бројка претставува индикатор за втор бран на ширење на вирусот, принудувајќи ги работодавците повторно да го затворат бизнисот

Одделот за труд на САД објави дека околу еден милион Американци побарале бенефиции поради невработеност минатата недела.

Оваа бројка е многу повисока од предвидените 200.000 барања за бенефиции, пред пандемијата во голема мера да се одрази врз економијата на почетокот на годинава.

Повеќе од 1,1 милион првични барања поради невработеност се поднесени неделата која заврши на 15 август.

САД додадоа 18 милиони работни места во јули, помалку од мај и јуни, што претставува индикатор за втор бран на заразени со ковид-19, принудувајќи ги работодавците повторно да го затворат бизнисот.

Одделот за труд минатиот месец регистрираше пад на стапката на невработеност од 11,1 проценти на 10,2, што се` уште е повисока од периодот на Големата рецесија од 2008 до 2009 година.

Иако економистите предвидуваат раст на економијата во третиот квартал годинава, сепак не очекуваат доволно голем раст кој ќе ги балансира загубите направени во вториот квартал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG