Линкови за пристапност

Белата куќа отворена за продолжување на преговорите со демократите за финансиска помош на граѓаните


Трамп потпиша извршни наредби за продолжување на бенефициите за невработеност на милиони работници, како последица на пандемијата

Белата куќа денес сигнализираше дека е отворена за повеќе преговори со демократите околу помошта за пандемијата, како и оти би сакала да потроши повеќе пари со цел да се постигне договор.

Ова го изјави секретарот за финансии Стивен Мучин за Си-ен-би-си.

„Претседателот е одлучен да потроши онолку колку што треба да потрошиме“, рече тој, додавајќи:

„Мислам дека има можност за компромис, ако демократите сакаат да бидат разумни. Има уште многу работи што треба да ги направиме, и за кои се договоривме“.

Тој одби да шпекулира кога би можеле да продолжат разговорите.

Претседателот Трамп потпиша извршни наредби за продолжување на бенефициите за невработеност на милиони работници, и за стопирање на даночното кратење од платите на многу Американци.

Во нов твит, тој не исклучи натамошни преговори, но, ги обвини лидерот на сенатското малцинство Чак Шумер и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за пропаѓање на минатонеделните преговори.

Шумер и Пелоси изјавија дека се подготвени да преговараат за пакет од еден трилион долари, за разлика од првичното барање за помош од 3,4 трилиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG