Линкови за пристапност

САД размислуваат да дозволат итна употреба на експериментална вакцина


Администрацијата за храна и лекови најави дека тоа би можело да се случи недели отсега, ако вакцината ги исполни стандардите за ефикасност

Вкупниот број на заразени со КОВИД-19 во светот помина 17 милиони лица, и речиси 670.000 смртни случаи.

САД се први во двете категории, со повеќе од 4,4 милиони заразени. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со вчера се регистрирани 150.000 смртни случаи.

Некои сојузни држави, како Калифорнија, Флорида и Тексас, имаат рекорден број заразени на дневна основа. Калифорнија вчера регистрираше 197 смртни слуачи, Флорида достигна рекорд од 216 смртни случаи, а Тексас најмалку 313 мртви.

Здравствените експерти велат дека многу сојузни држави прерано ги отвориле бизнисот и туристичките атракции. Според нив, дополнителна причина за ваквата ситуација е оти фалат јасни инструкции од федералните власти како да се спречи ширењето на вирусот, поради што гувернерите се принудени сами воведуваат здравствени насоки за граѓаните.

Тоа, пак, велат тие, води до рестрикции и наредби кои се разликуваат од една во друга сојузна држава, вклучувајќи забрани за патување.

И другите држави во светот се соочуваат со зголемен број на случаи на КОВИД-19, меѓу кои и Австралија, која бележи рекорден број на заразени и смртни слуачи во повеќе од нејзините држави.

Ваквата слика на глобално ниво ги забрза научниците во развојот и тестирањето на вакцина против КОВИД-19.

Администрацијата за храна и лекови на САД, вчера најави дека би можела да дозволи итна употреба на експериментална вакцина против коронавирус во рок од недели отсега, ако ги исполни стандардите за ефикасност.

Двете експериментални вакцини на компаниите Модерна и Фајзер влегоа во финална фаза на тестирање кај луѓе, со цел да се утврди нивната безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG