Линкови за пристапност

Речиси 50 болници во Флорида немаат слободни кревети на интензивна нега


САД вчера регистрираа повеќе од 500 смртни случаи, и 63.000 нови заразени, што ги рангира први во светот во двете категории

Четириесет и пет болници во сојузната држава Флорида немаат слободни кревети на интензивна нега.

Заклучно со вчера, оваа сојузна држава регистрираше повеќе од 12.000 нови заразени, што претставува петти ден по ред со повеќе од 10.000 нови случаи.

Околината на Мајами е особено тешко погодена, каде се наоѓаат девет од 45-те преоптоварени болници.

Градските власти на Мајами од денес воведоа построги казни, од 50 до 500 долари, за секој што нема да носи маска во јавност.

Лос Анџелес, пак, најави дека размислува да вовде уште една наредба за седење дома, обвинувајќи ја администрацијата на претседателот Доналд Трамп за недостиг на лидерство во справување со пандемијата.

На национално ниво, САД вчера забележаа повеќе од 500 смртни случаи, и 63.000 нови заразени, што ги рангира први во светот во двете категории.

Лидерите во Европа, пак, се фокусирани на обновување на економиите, обидувајќи се да донесат економски пакет од стотици милијарди долари за справување со последиците од коронакризата.

Европа има повеќе од три милиони заразени со КОВИД-19, и повеќе од 200.000 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG