Линкови за пристапност

Фаучи ги повика гувернерите да ги одложат плановите за отворање на сојузните држави


Здравствените експерти реагираат оти луѓето не носат маски и не ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање

САД регистрираа повеќе од 64.000 случаи на коронавирус заклучно со вчера, рекордно висок број, оптоварувајќи го болниците во Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас.

Доктор Ентони Фаучи, директор на Институтот за алергија и заразни болести, ги повика гувернерите да ги одложат нивните планови за повторно отворање, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Здравствените експерти велат дека луѓето се опуштиле, откако рестораните, баровите и туристичките атракции почнаа да се отвораат изминативе неколку недели, верувајќи дека најлошото поминало.

Многу од нив не носат маски и не ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Сојузната држава Калифорнија, пак, ја тужи администрацијата на Трамп за визните рестрикции за меѓународните студнети, кои се соочуваат со можна депортација, доколку нивната настава се одвива само онлајн.

Сојузните власти сметаат дека ваквата мерка е закана за поголемо ширење на коронавирусот, како и финансиски товар за универзитетите, кои ќе изгубат голем извор на приходи.

Американската асоцијација на дописници, пак, вчера соопшти дека новинар, кој присуствувал на брифинзите во Белата куќа бил тестиран позитивен на коронавирус.

Новинарите, кои биле на истите брифинзи со заразениот колега, ќе бидат тестирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG