Линкови за пристапност

Белата куќа побара од Врховниот суд да го укине Обамакеар


Здравствената заштита во САД е тесно поврзана со вработувањето на граѓаните, од кои десетици милиони ги изгубија работните места од почетокот на пандемијата, а со тоа и осигурувањето

Владиниот тим на САД за справување со пандемијата, на чело со потпретседателот Мајк Пенс, денес ќе има брифинг, по речиси два месеца пауза.

Вчера, пак, Белата куќа побара од Врховниот суд да го укине Законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар, додека бројот на заразени во САД се искачи на рекордно високо ниво.

Врховниот суд ќе има сослушување на аргументите во октомври.

За разлика од многу западни држави, здравственото осигурување во САД е тесно поврзано со вработувањето на граѓаните, од кои десетици милиони ги изгубија работните места од почетокот на пандемијата, а со тоа и здравственото осигурување.

Во меѓувреме, Центрите за контрола и превенција на болести, изјавија дека бројот на случаи на коронавирус во државата можеби е десет пати повисок од оној што е регистриран.

Неколку сојузни држави забележаа највисок број заразени во еден ден неделава, меѓу кои Аризона, Калифорнија, Невада, Оклахома и Тексас


Според универзитетот Џонс Хопкинс, бројот на заразени во САД изнесува 2.5 милиони, иако Центрите за контрола и превенција на болести велат дека вистинскиот број би можел да биде околу 20 милиони.

Според нив, околу шест отсто од граѓаните во САД се заразиле со КОВИД-19.

Според официјалните лица, причина за зголемениот број заразени се младите лица кои не носат маски, и не ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Гувернерот на Тексас Грег Абот, изјави дека планира да ги одложи плановите за повторно отворање, со цел да го спречи ширењето на вирусот.

Тој потпиша извршна наредба со која ги откажа закажаните операции во болниците во четири округа, за да обезбеди соодветен простор за пациентите со КОВИД-19.

Центрите за контрола и превенција на болести ја обновија листата на оние што се наоѓаат под зголемен ризик да се заразат со коронавирус, меѓу кои и бремените жени.

Според нив, возраста на лицето не значи и зголемен ризик од зараза.

Тие најавија дека наскоро ќе излезат со нови препораки за расните и етнички малцински групи во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG