Линкови за пристапност

Празни високи позиции во Пентагон, потребни за справување со коронавирусот


Одделот за одбрана треба да пополни една третина од 60 високи позиции, за што е потребно одобрување од Сенатот

Пентагон се соочува со непополнети позиции на највиско ниво, додека претседателот Доналд Трамп и владините лидери бараат Армијата да се вклучи во справување со пандемијата на коронавирус. Недостигот на вработени во моментов се решава со привремено пополнување на овие места.

„Пентагон се исцрпува побрзо отколку што можат да се пополнат овие позиции“, изјави за Гласот на Америка поранешен висок официјален претставник Одделот за одбрана.

Истовремено, Одделот за одбрана му испраќа на Одделот за здравство маски и респиратори од неговите резерви.

Воздухопловните сили на САД ги транспортираат тестовите за коронавирус на местата каде има голема потреба од нив, а најмалку 1.500 членови на Националната гарда на САД, во 22 сојузни држави, обезбедуваат помош преку дезинфекција до дистрибуција на оброци.

Сепак, Пентагон треба да пополни една третина од 60 високи позиции, за што е потребно одобрување од Сенатот.

„Овој проблем продолжува да се одразува врз ефективноста на Одделот за одбрана да може соодветно да одговори на предизвиците за националната безбедност“, изјави демократскиот сенатор Џек Рид.

Во изборна година, со неколку недели распуштање на Сенатот, гласање за потврда на позиции, се очекува да биде тешко да се стави на распоред.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG