Линкови за пристапност

Над 7.000 заразени со коронавирус досега во САД


Трамп рече дека економијата може да влезе во рецесија, со тренд на паѓање на берзите, кој продолжи и денес

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека од самиот почеток ја третирал пандемијата на коронавирус многу сериозно.

Досега во целата државата се регистрирани повеќе од 7.000 случаи на заразени со коронавирус, и 120 мртви.

Трамп, на Твитер, напиша дека „завршил многу добра работа отпочеток, вклучувајќи ја и многу раната одлука да се затворат границите од Кина, и покрај спротивставувањата на речиси сите“.

Тој додаде дека многу животи се спасени, и оти лажните вести се срамни.

Пред пет дена, претседателот воведе вонредна состојба во државата, со цел да се ослободат нови фондови за справување со ширењето на коронавирусот.

Тој нагласи дека економијата на САД може да влезе во рецесија, со тренд на паѓање на берзите, кој продолжи и денес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG