Линкови за пристапност

Кризата со коронавирусот би можела да трае до јули и август, дури и подолго, рече Трамп


Администрацијата на претседателот предложи граѓаните да не се собираат надвор во групи поголеми од десет лица

Белата куќа предложи граѓаните на САД да одбегнуваат да се собираат во групи поголеми од десет лица во наредните 15 дена.

Објаснувајќи го новиот водич на администрацијата за справување со кризата, претседателот Доналд Трамп рече дека Американците треба да одбегнуваат патувања и да се собираат во барови и ресторани.

„Секој од нас има клучна улога во спречување и пренесување на овој вирус“, изјави Трамп на прес конференција.

Тој негираше дека целосен карантин на државата се зема предвид.

На прашањето колку долго би траела кризата, тој рече дека би можела да биде и до јули и август, дури и подолго.

Со цел да се намали ширењето на вирусот, наредена е евакуација на околу седум милиони луѓе во регионот на Сан Франциско, а затворени се и кината, салите за вежбање и рестораните во главниот град Вашингтон.

Денес се очекува да се откажат и многу поголеми настани, како традиционалната трка со коњи „Кентаки дерби“, која според плановите најверојатно ќе се одложи до септември.

Животот во САД целосно е променет во многу сојузни држави од почетокот на оваа недела, а паднаа и берзите.

Трамп и неговиот економски советник Лери Кудлоу, вчера истакнаа дека државата би можела да се движи кон рецесија.

Во САД има повеќе од 4.200 заразени со коронавирус во сите 50 сојузни држави, освен во една. Досега има над 80 смртни случаи како резултат на оваа болест

Кудлоу, нагласи дека иако првиот квартал ќе биде добар, вториот би можел да биде многу тежок.

Со цел да се олеснат последиците врз домашната економија, тој најави дека администрацијата размислува да им понуди на компаниите покривање на трошоците 100 проценти, да ги преселат компаниите во Кина.

„Ќе им помогне на сите во Америка“, рече Кудлоу, објаснувајќи дека Трамп уште не го потпишал овој предлог.

Трамп, исто така, рече дека Владата размислува да им помогне на домашните авионски компании, кои трпат тешки последици со загубата на патници како резултат на пандемијата.

Претседателот вчера разговарал и со лидерите на групата Г-7 да ги координираат акциите во одговор на КОВИД-19, не откривајќи детали што точно се договориле.

Трамп разговарал и со гувернерите на сојузните држави, велејќи дека им предложил сами да купат респираторни машини доколку тоа би било побрзо отколку да ја чекаат федералната Влада.

Оваа недела, Сенатот се очекува да изгласа пакет за помош во кризата со коронавирусот, кој предвидува бесплатни тестови и платено отсуство за работниците, како и други бенефиции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG