Линкови за пристапност

Нагло падна бројот на барања за бенефиции поради невработеност во САД


Вкупно 326 илјади невработени работници поднеле барање за бенифиции, или 38 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела, објави Одделот за труд

Бројот на барања за бенифиции во САД поради невработеност нагло се намалил минатата недела, објави Одделот за труд.

Вкупно 326 илјади невработени работници поднеле барање за бенифиции, или 38 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела, што укажува на тоа дека американската економија ги надминува најлошите последици од пандемијата на коронавирус.

Сепак, бројот на апликации останува далеку над просекот од 218 илјади во 2019-та година.

Дури и кога САД минатиот месец објавија дека економијата пораснала со годишна стапка од 6,7 отсто во периодот од април до јуни, во август додаде уште разочарувачки 235 илјади нови работни места што, според економистите, е последица делумно поради зголемениот број заразени со ковид-19.

Стапката на невработеност се намали на 5,2 отсто, што е речиси за два процентни поени повисока отколку пред да почне пандемијата во март 2020-та година.

Во САД има околу 8,4 милиони работници, а отворени се речиси 11 милиони работни места. Сепак, вештините на расположливите работници често не се совпаѓаат со она што работодавците го бараат или работните места не се таму каде што живеат невработените.​

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG