Линкови за пристапност

Раселените жени се соочуваат со зголемен ризик од насилство за време на КОВИД-19, предупреди УНХЦР


Вратите не треба да бидат оставени отворени за злоупотребувачите, рече Високиот комесаријат за бегалци на ОН

Раселените жени и девојчиња се соочуваат со зголемен ризик од насилство за време на пандемијата, предупреди денес Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

„Вратите не треба да бидат оставени отворени за злоупотребувачите“, соопшти УНХЦР.

Канцеларијата вели дека мерките за изолација и карантин довеле до влошување на социоекономските услови, што ги става во ризик жените и девојчињата да бидат принудувани од нивните семејства на сексуални услуги или детски бракови.

УНХЦР ги повика владите да го гледаат како приоритет зголемениот ризик од насилство врз раселените жени, во нивните планови за справување со пандемијата на коронавирус.

Истовремено, УНХЦР испраќа итна финансиска помош за поддршка на жртвите и жените во ризик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG