Линкови за пристапност

Латинска Америка и Карипските Острови ново жариште на КОВИД-19, предупредија ОН


Гутереш рече дека последиците од пандемијата во овој дел се очекува да достигнат најдлабока рецесија забележана досега

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, рече дека Латинска Америка и Карипските Острови се ново жариште на КОВИД-19, откако неколку држави регистрираа највисока стапка на зараза по глава на жител во светот.

Гутереш рече дека последиците од пандемијата во овој дел се очекува да достигнат најдлабока рецесија забележана досега.

Според него, владите на државите би требало да им обезбедат на сиромашните граѓани основни приходи и грантови за храна.

Гутереш потенцираше дека најмногу погодени од коронавирусот во Латинска Америка и Карипските Острови се лицата кои немаат пристап до здравствено осигурување и стабилно вработување.

Диспропорционално погодени, вели тој, се и граѓаните со африканско потекло, мигрантите и бегалците.

Гутереш рече дека дел од државите во регионот не се подготвени да се справат со здравствената криза, велејќи дека меѓународната заедница мора да обезбеди финансиска помош за Латинска Америка и Карипските Острови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG