Линкови за пристапност

Во Јужна Кореја најголем пораст на заразени во последните седум недели


Пикот доаѓа кога околу два милиони студенти се вратија на училиште во средата

Здравствените власти во Јужна Кореја во средата објавија најголем број нови инфекции со коронавирус за седум недели, додека нацијата ги намалува ограничувањата.

Во својот дневен брифинг во Сеул, заменик-министерот за здравство на Јужна Кореја, Ким Канг-лип, рече дека 37 од 40-те нови случаи се поврзани со неодамнешно ширење на епидемијата од ноќните клубови во Итавон, мултикултурна област во Сеул. Ким рече дека преостанатите три случаи се инфицирани од странство.

Јужна Кореја регистрираше 269 смртни случаи и 11.265 случаи, откако претходно успеа да го стави под контрола првиот замав на пандемијата


Сите, освен четири од новите случаи се регистрирани во густо населените области во Сеул, каде што официјалните претставници се обидуваат да го прекинат ширењето на вирусот помеѓу контакти од ноќни клубови, караоке собири и магацин за е-трговија.

Ким соопшти дека властите особено ги следат состојбите во магацинот, сопственост на локалната компанија за е-трговија Купанг, откако откриле десетици инфекции со коронавирус поврзани со тамошните работници.

Ким рече дека се сомневаат дека компанијата не ги спроведува мерките на работното место предвидени за заштита од Ковид-19 и дека ги тестираат 3.600 вработени во компанијата.

Јужна Кореја регистрираше 269 смртни случаи и 11.265 случаи, откако претходно успеа да го стави под контрола првиот замав на пандемијата.

Пикот доаѓа кога околу два милиони студенти се вратија на училиште во средата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG