Линкови за пристапност

ФБИ разоткри обид за препродавање на еден милион заштитни маски во Њујорк по енормно повисоки цени


Федералниот суд покрена обвинение за корупција против две лица за наводен обид да препродадат еден милион маски за лице што штитат од коронавирусот за најмалку двојно повисока цена од реалната.

Против осомничените Кент Булок и Вилијам Јанг, во вторникот е покренато обвинение во Источниот округ на Њујорк во Бруклин.

Обвинетите планирале да остварат огромна добивка од итната потреба од хируршки маски во Њујорк за време на пандемијата


Претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба на 18 март со која се прогласува за нелегално купување на медицински материјали кои недостигаат и нивно складирање или препродавање по многу зголемени цени.

„Според обвинението, тие планирале да остварат огромна добивка од итната потреба од хируршки маски во Њујорк за време на пандемијата“, изјави адвокатот Ричард Доногју.

Според обвинението, Булок и Јанг барале инвеститори во шема да купат респираторни маски наменети за медицински професионалци и да ги продадат за двојно или тројно повисока цена. Тие, наводно, се обиделе да ја сокријат својата огромна цена, со изготвување договор во кој ветувале дека продажната цена нема да надмине 10%. Еден од потенцијалните инвеститори бил прикриен агент на ФБИ.

Уште едно лице од Њујорк исто така се соочува со федерални обвиненија.

Амардеп Синг од Лонг Ајленд е под обвинение за складирање на тони маски, хируршки наметки и средства за дезинфекција за да може да ги продаде во својата продавница по многу повисоки цени.

Синг е осомничен дека продавал маски за лице по еден американски долари што ги купил по седум центи. Тој, исто така, наводно им наплаќал на клиентите 25 американски долари за шишиња за дезинфекција на раце, по речиси 200% повисока цена од таа што ја платил за нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG