Линкови за пристапност

Строгите здравствени протоколи за избoрната кампања не се почитуваат во целост


Митинзи во време на Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

На снимки и фотографии од партиски собири, кои се објавуваат и на социјалните мрежи се гледа, како присутните се поздравуваат или прегрнуваат меѓу себе

Пандемијата од корона вирусот ги принуди политичките партии кампањата за овие парламентарни избори, да ја водат на еден поинаков начин.Во добар дел истата се сведува на помали собири,каде присутните седат меѓусебно раздалечени,слушајки ги говорите на партиските челници, за разлика од големите митинзи кои беа карактеристични за минатото. Но сепак очигледно е дека строгите здравствени протоколи за избирната кампања, не се во целост почитуваат. На некои од предизборните активности на партиите може да се забележи како не се води доволно сметка за социјалната дистанца, а не сите присутни носат и заштитни маски. За комуникологот Бојан Кордалов, корона кризата им покажала на партиите нешто што требало да го направат многу одамна, а тоа е да ги напуштат масовните собирања.

„Она што може да се види дека протоколите се почитуваат генерално од страна на партиите, но дел од граѓаните на дел од собирите покажуваат непочитување на мерките.Резултат на тоа е што политичките партии во изминатиот период премногу играа политички на картата на корона кризата.И мислам дека денес е конечно време да разберат дека всушност, заедништвото, слогата, сплотеноста и заедничкиот глас е потребно во борбата со корона вирусот“, вели Бојан Кордалов, комуниколог и специјалист за односи со јавност.

На снимки и фотографии од партиски собири,кои се објавуваат и на социјалните мрежи се гледа, како присутните се поздравуваат или прегрнуваат меѓу себе.

„Апелирам да разберат дека здравјето е најважно. Сликите со гушкање, со поздравување со рака, со изразување на блискост се навистина убави, но можат да бидат многу контрапродуктивни во ова време на корона вирус и можат да придонесат за зголемување на заразата и ширење на заразата. Можат да придонесат за создавање на поголема паника и страв. Затоа е најважно партиите да се фокусираат на пораката“.

Јове Кекеноски, кандидат за пратеник прашува зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките од страна на политички партии.

„Кој ќе ја сноси одговорноста доколку по изборите, бројката на новозаразени порасне повеќекратно како последица од непочитување на мерките и препораките? Затоа во име на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” бараме ДИК и Комисијата да ги опоменат и да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза“.

Со протоколите за изборната кампања се предвидуваат повеќе строги здравствени мерки. Предвидено е одржувањето на сите активностида се одвива со почитување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метра, носење на заштитни маски на сите партиски активности во затворени простории, но и на отворени кога нема да може да се држи дистанца. Да се користи разглас за да се избегне концентрација на повеќе лица на ист простор. За време на кампањата од врата на врата да не се влегува во домаќинствата туку само на врата или во дворови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG