Линкови за пристапност

Повеќе случаи на заразени со омикрон во Њујорк


Овие информации излегоа еден ден откако САД го најавија првиот случај на омикрон во државата детектиран во Калифорнија

Здравствените официјални лица велат дека биле детектирани повеќе случаи на заарзени со новата варијанта на ковид омикрон во Њујорк, објави Асошиетед прес.

Според информациите, меѓу заразените било и лице кое присуствувало на конвенција во Менхетн на крајот на ноември, и било тестирано позитивно на вирусот кога се вратило дома во Минесота.

Дополнително, здравствените официјални лица велат дека тестовите покажале уште пет други лица кои неодамна биле заразени со новата варијанта на ковид-19.

Меѓу нив е и лице во предградие на Лонг Ајленд, кое неодамна се вратило од Јужна Африка, жители на Бруклин и Квинс и уште еден случај веројатно поврзан со патување.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио, вели дека географското лоцирање на позитивните тестови укажува дека новата варијанта се ширела во градот и не била поврзана со одреден настан.

Овие информации излегоа еден ден откако САД го најавија првиот случај на омикрон во државата детектиран во Калифорнија.

Официјалните лица вчера регистрираа друг случај во Колорадо. Заразената жена неодамна патувала во Јужна Африка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG