Линкови за пристапност

Њујорк - најголемо жарише на коронавирусот во САД


Оваа американска држава во моментов има повеќе од 25.000 случаи на КОВИД-19, што претставува повеќе од половина од случаите во САД

Гувернерот на Њујорк предупреди дека коронавирусот може да го достигне пикот во неговата држава од 19,5 милиони жители на почетокот на април - порано од очекуваното.

„Стапката на новоинфицирани се зголемува на секои три дена“, изјави гувернерот Ендрју Куомо пред новинарите. „Ова е драматично зголемување на стапката на инфицирани“.

Оваа американска држава во моментов има повеќе од 25.000 случаи на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот, што претставува повеќе од половина од случаите во САД.

Куомо рече дека и покрај драстичните мерки за да се спречи ширењето на вирусот, тој не забавува.

Гувернерот разговараше со новинарите во Конгресниот центар Џејкоб Џавитс во Њујорк. Распространетиот комплекс каде вообичаено се одржуваат саеми и годишни настани, се претвора во четири болници со 250 кревети од страна на американскиот армиски инжинерски корпус.

Куомо ја поздрави помошта, но предупреди дека на државата ќе ѝ требаат дури и повеќе болнички кревети од првично предвидените.

Њујорк располага со 53.000 редовни кревети и 3.000 единици за интензивна нега. Официјални лица изминатата недела проценија дека болничкиот капацитет треба да се зголеми на 110.000 легла. Куомо ја зголеми таа проекција во вторникот на 140.000 редовни кревети и приближно 40,000 легла за интензивна нега.

„Ова се вознемирувачки и астрономски бројки, повисоки отколку што беа претходно предвидувани“, рече Кумо.

Не не терајте да избираме меѓу мудра здравствена стратегија и мудра економска стратегија. Можеме да ги спроведуваме двете и мораме да ги спроведуваме двете.
Ендрју Куомо, гувернер на Њујорк


Во понеделникот, тој потпиша наредба со која ги насочи болниците да го прошират својот капацитет за 50%, но неговата цел е 100% таму каде што тоа е можно.

Куомо ја нагласи итноста на ситуацијата.

„Федералната влада има 20.000 респиратори на залиха“, рече Куомо. „Имате 20,000 респиратори на залиха; испратете ги во Њујорк. Како можеме да бидеме во ситуација кога може њујорчани евентуално да умираат затоа што не можат да добијат респиратор, а федералната агенција вели: „Ќе ги оставиме респитаторите на залиха.“ Дали навистина дојдовме до тоа точка? “

Куомо рече дека Њујорк и неговиот одговор на вирусот се тест за останатиот дел од нацијата.

„Таму каде што сме ние денес, вие ќе бидете за три, четири, пет или шест недели“, рече тој. „Ние сме вашата иднина, и она што го правиме овде ќе го зацрта курсот на она што го правиме во вашиот град и во вашата заедница“.

Тој рече дека Њујорк ќе ги испрати федералните респиратори во другите држави кога пикот ќе биде кај нив, а ситуацијата во Њујорк ќе се стабилизира.

„Да си помогнеме едни на други“, рече тој.

Куомо исто така индиректно ги критикуваше забелешките на претседателот Доналд Трамп за укинување на ограничувањата на движењето со цел да се придвижи економијата. Куомо рече дека планира да ја рестартира економијата на неговата држава, но предупреди дека тоа не може да се прави по цена на животот на луѓето.

„Задача број еден е спасувањето на животи“, рече тој. „Не не терајте да избираме меѓу мудра здравствена стратегија и мудра економска стратегија. Можеме да ги спроведуваме двете и мораме да ги спроведуваме и двете.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG